Не помогнало ни тоа што е познат! Арнолд Шварценегер си останал пред вратите на Таџ Махал!
4 февруари, 20120
![arnold](https://popara.mk/wp-content/uploads/2012/02/arnold-610x337.jpg)
Познатиот холивудски актер и поранешен гувернер Арнолд Шварценегер на својот пат кон Индија доживеал нешто што веројатно никогаш не му се случило – вратата на Таџ Махал низ која сакал да помине, пред него останала затворена. Некогашниот “Терминатор” е во Индија на конференција за животната средина, а сакал и да го посети едно од седумте светски чуда, но информиран е дека е време за муслиманските молитви, и поради тоа Таџ Махал е затворен.
Според американските медиуми, Арнолд бил многу разочаран па се спушил малку под нивото и се сликал со мобилен со познатата градба во позадина. Сепак, брзо се утешил со голема порција индиска храна, па да се надевам дека ова патување сепак ќе му остави добри спомени.