Нова истрага за смртта на Ејми Вајнхаус

18 декември, 20120
amywinehouse

Британски претставници изјавиле дека следниот месец ќе биде покрената нова истрага околу смртта на пејачката Ејми Вајнхаус по сознанијата дека патологот, кој го извршил увидот, немал доволно квалификации за таа работа.

Британската пејачка беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во северниот дел на Лондон во јули минатата година.

Во крвта на пејачката имало пет пати повеќе алкохол од дозволената за возачите во Велика Британија.

Меѓутоа, патплогот  Сузан Гринвеј поднела оставка оставка еден месец откако е откриено дека нема доволно искуство за да работи како патолог.

Гринвеј претходно работела како адвокат во Австралија и за новата работа во 2009 година е именувана од нејзниот сопруг Енрдју Рид.

Според британските закони е неопходно да има пет години работно искуство како квалификуван медицински или правен работник за да стане патолог. Таа не исполнувала ниту еден од овие два услови.

Новото рочиште околу смртта на Ејми би требало да биде одржано пред судот во Лондон на 8-ми јануари.

Портпаролот на семејството Вајнхаус рекол дека тие не побарале друга истрага и дека очекуваат резултатите да бидат исти како и претходните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi