Pinterest е трета најголема мрежа во Америка

popara11 април, 20121min00
Pinterest 3rd

Аналитичката компанија Experian Hitwise објави дека Pinterest, релативно млада социјална мрежа, се наоѓа на третото место во популарност, зад гигантите Facebook и Twitter.

Според информациите за посетите само од САД, редоследот е:

1. Facebook: 7 милијарди.

2. Тwitter: 182 милиони.

3. Pinterest, 104 милиони.

4. Linkedln, 85 милиони.

5. Tagged, 72 милиони.

6. + Google: 61 милион.

7. Instagram: 10,2 милиони.

8. Foursquare: 2,9 милиони.

ComScore, како и да е, според Mashable, не го става Pinterest во 50-те најпопуларни сајтови во февруари, иако Linkedln e на листата. Оваа компанија ги мери уникатните посетители, а не сите посети, па Linkedln во февруари има 36 милиони посетители.

Pinterest работи на следниов начин. Си креирате плоча (board) и во рамките на неа можете да изберете да ставите слики, пораки, линкови и останати содржини кои можете да ги најдете на социјалните мрежи.

Сајтот беше претсатвен во март 2010, прво како затворена бета верзија, но подоцна како отворена бета верзија, што значеше дека за да се регистрирате беа потребни покани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag