После редица лабараториски анализи е потврдено дека пивото и виното содржат големи количества витамини неопходни за организмот. Како нискоалкохолни пијалоци содржат високи концентрации на антиоксиданси како што е ресвератрол, ксантохумол и други со изјавена антитуморна активност.
Концентрацијата на флавонолите во пивото е повисока од таа кај доматите, јаболките и морковите. Фенолните антиоксиданси од пивото го намалуваат ризикот од диабет, имаат добро влијание на коските, го зголемуваат нивото на добриот холестерол, помагаат во борбата со килограмите.
Витаминот Б1 во пивото е многу повеќе отколку во морковите, лимоните, бананите и јаболкото. Пивото е особено богато со фолна киселина и е природен извор на витамин Б12. Меѓународните анализи се категорични – високата концентрација на овие витамини служи како дополнителна бариера против болестите на срцето.
Експертите тврдат дека одговорна консумација на овие пијалоци ја редуцира веројатноста од редица здравствени проблеми.