Пластиката – вреден материјал или напаст

23 јануари, 20120
PLASTIC

Доколку отидете во самопослуга и одлучите да купите само работи кои не се пластични, тогаш најверојатно ќе ја напуштите продавницата со едвај нешто во вашите раце. Најголем проблем претставуваат пластичните кеси. Секоја година околу 500 милијарди пластични ќеси се произведуваат во целиот свет. Сега, тоа е 500 со уште 9 нули по него, или 500.000.000.000. Секој човек во светот просечно користи околу 83 пластични кеси годишно. Од 500 милијарди кеси, околу 100 милијарди се конзумираат само во САД. Пластичните кеси се разградуваат во време од околу 300 години, односно тие се распаѓаат во ситни токсични честички и ја контаминираат почвата и водата. Тие исто така претставуваат опасност за животните и морски живот. Имаме широк спектар на намени за пластика во нашите животи: од мобилни телефони и компјутери и пакувањата за храна и пијалок. Тоа го прави нашиот живот полесен и побезбеден, но синтетичкиот материјал, исто така, остава штетни траги на нашата планета и кај нашето здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *