Погледнете ја фантастичната вила во Чешка!

31 јануари, 20120
Czech Tugendhat Villa

Вилата Tugendhat е гордост и радост на чешкиот град Брно, а наскоро таа ќе биде отворена во ново руво за посетителите. Оваа фантастична градба се реновира од 2010 година. Таа била изградена во 1930 година, а според нејзиниот модерен изглед можеби делува како да е градена во 21 век.

За нејзиниот модерен изглед заслужен е Лудвин Мис ван дер Рое, кој ја има проектирано вилата за Fric Tugendhat и неговата сопруга Грета. Сопствениците на оваа модерна икона на архитектурата кои биле евреи, а ја напуштиле куќата во 1938 година.

Токму во оваа вила е потпишан документот во 1992 година со која е поделена Чехословачка, а УНЕСКО ја прогласил за културно наследство на човештвото во 2002 година.

Интересен е фактот и дека токму во оваа вила биле снимани голем дел од сцените за филмот (Hannibal Rising) од 2007 година.

Вилата ќе биде целосно реновирана и отворена за јавноста на 6-ти март оваа година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi