Откако телото на Витни Хјустон е пренесено во нејзиниот дом во Њу Џерси, погребот ќе биде спроведен во текот на следните неколку дена. Како што беше и нејзината кариера и погребот ќе биде сензационален.
Извор од семејството за амаериканската телевизија АБЦ потврди дека целото семејство и пријателите ќе се соберат во четврток, а во петок ќе биде одржана комеморација за музичката дива.
Се очекува да присуствуваат околу 20.000 луѓе. А на прашањето, дали комеморацијата ќе биде толку голема како што беше за Мајкл Џексон, изворот вели дека ќе биде голема.
Многу членови на семејството Хјустон го напуштиле Лос Анџелес и заминале во Њу Џерси. Нејзината ќерка Боби Кристина, Реј Вотсон и многу други членови на семејството веќе се пристигнати во Garden State.