Полицијата го заплени имотот на основачот на Megaupload

popara21 јануари, 20121min00
11357556784f195e9b50c3d117649858_orig

Полицијата на Нов Зеланд „замрзна” неколку милиони долари и одзема еден розев „кадилак” и скратен пушка-сачмарка по претресот на куќата на основачот на сајтот megaupload.com, Ким Шмиц.

Полицајците дошле на големиот имот на Ким во Окленд, на северот на Нов Зеланд, затоа што американското судство го обвини за кршење на авторските права и нареди затворање на сајтот, популарната платформа за превземање на музика и филмови од интернет.

Германецот Ким Шмиц, кој има дозвола за претстој во Нов Зеланд и Хонгконг, уапсен е во Окленд, на основа барање од САД.

Правосудството во Нов Зеланд не дозволи Шмиц да излезе на слобода со кауција, како ни пуштање на три менаџера на сајтот со седиште во Хонгконг, соопшти полицијата. Во соопштението, полицијата на Нов Зеланд укажала дека претресла десет места во Окленд, како и големиот имот под назив „Dotcom резиценција”.

Полицијата запленила неколку луксузни автомобили, вклучувајќи и розев „кадилак” од 1959 и „ролс-ројс фантом”, како и „оружје кое изгледа како скратена сачмарка”. Околу 11 милиони новозеландски долари (6,83 милиони евра) се замрзнати во банките, додаде полицијата.

Американскиот ФБИ и Министерството за правда процениле во заедничката изјава дека тоа е еден од „најголемите случаи на кршење на авторски права некогаш процесуирани во САД”.

Сајтот megaupload.com кој во САД не е достапен од четврток навечер, овозможуваше поставување на датотеки и размена на интернет. Нудеше и илјадници филмови, ТВ-серии и емисии и песни за слободно превземање или слушање и гледање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag