Конзервативен дневен весник од Хјустон, Тексас е во центарот на вниманието, поради скандалот во кој беше откриено дека новинарката Сара Трислер навечер работи како стриптизета.
29 годишната Сара почнала да работи во редакцијата на „ Houston Chronicl“ во април минатата година, а неодамна приказната за нејзиниот двоен живот ја објавил конкурентскиот дневен весник.
Новинарката на својот службен профил тврди дека има диплома од новинарство од Универзитетот од Њујорк, каде работела и како професорка. Се уште не е познато дали поради овој скандал новинарката ќе ја загуби работата.