Приватен детектив тврди: “Витни Хјустон е убиена”!

27 декември, 20120
vitni_ubiena1
Приватен детектив тврди дека американската дива, Витни Хјустон, била убиена од нарко дилери и дека тој има снимки за да го докаже тоа.
Пол Хјубел, холивудски детектив вели дека тој ги предал доказите дека пејачката била убиена до Федералното истражно биро. Британски Дејли Меил пишува дека детективот смета дека 48-годишната Витни била убиена поради нејзниот долг кон моќни дилери.
Медицинските истражувања покажале дека таа се удавила во нејзината када во хотелот “Беверли Хилтон“ по земањето коктел од кокаин и марихуана.
Хјубел верува дека суперѕвезадата била мета на дилерите кои сакале да си ги соберат своите пари. Тој вели дека таа им должела 1,5 милион долари.
Според неговите докази, на дивата и било испорачано пакетче кокаин ден пред нејзината смрт. На видеото може да се слушне како таа вели “Уморна сум од овие л***а“. Тој додава дека Хјустон предходно била малтретирана од дилерите за нејзиниот огромен долг кон нив.
Тој објаснува дека на снимките покажале како двајца непознати мажи неколку пати влегле во хотелската соба на Хјустон. Тој верува дека тие ја убиле.
Детективот остро се противи на одлуката на вештаците дека нејзината смрт била случајна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi