Први проблеми со новиот iPad

23 март, 20120
ipad- 1

Пред неколку дена Apple објави дека продале 3 милиони iPad таблет компјутери во првиот викенд од започнувањето на продажбата. Но, со првите впечатоци, дојдоа и првите проблеми.

Некои корисници велат дека уредот е многу топол при користењето, посебно во долниот лев агол кога се држи во portrait mode.

Направата, според CNN, не е премногу жешка, но непријатно топла.

Некои анализи исто така покажуваат дека новиот iPad е потопол од неговиот претходник. Gizmodo пак објави дека некои корисници се жалат дека имаат проблеми со полнењето.

Apple реагираше на проблемот со преголемото затоплување и кажа дека не постои проблем. Портпаролот на компанијата изјави дека новиот iPad не се презатоплува, и дека корисниците кои веруваат дека имаат проблеми треба да се обратат до одделот за подршка на корисниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi