Првиот летечки автомобил!

7 април, 20120
NEW YORK INTERNATIONAL AUTO SHOW

Американската компанија “Тerrafugia” го конструирала првиот летечки автомобил под името “Тransition”, кој е претставен на интернационалниот саем во Њујорк, откако ги поминал сите тестови. Цената изнесува 214.000 евра, а веќе има повеќе од стотина од оние кои ги резервирале своите примероци, кои ќе им бидат испорачани на почетокот на следната година.

Првиот летечки автомобил“Тransition” има крилја кои се преклопуваат така што тиа можат слободно да се движат покрај други автомобили, а кога има доволно простор за негово отворање, може да се вивне во воздух и да понесе двајца патници со максимална брзина од 170 километри на час.

Неговите корисници, кога ќе ја здогледаат гужвата во сообраќајот, ќе можат само да ја прелетаат колоната од возила, но под услов во близина да се наоѓа авионска писта на која ќе може да слетаат. Бидејќи може да се бира начинот на управување, лошото време нема да биде проблем, бидејќи авионот веднаш може да стане автомобил.

Сепак, “Тransition” не е целосно остварување на сонот за летечки автомобил. Возачот не може во било кој момент да полета, бидејќи му е неопходна писта , а исто така не е идеален ни како автомобил ниту како авион. Како автомобил не е доволно спремен, патува споро, многу е осетлив, а деловите се премногу скапи. Тој има повеќе моторна снага за авион и клиентите нема да можат да го користат исклучиво за патување по пат.

Како авион, многу е побавен од другите од иста класа, а чини десет пати повеќе од слични двосед модели. Сепак, од фирмата  “Тerrafugia” велат дека тие се презадоволни и дека овој изум е голем успех за нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi