Ријана: Бев опседната со вонземјани!
31 март, 20120

Поп пејачката Ријана открила дека во детството поминувала многу време гледајќи во небото и очкувала инвазија од вонземјани.
Таа бил, како што вели, убедена дека вонземјаните ја посетуваат Земјата, поради што по цели ноќи седела надвор и гледала во небото. “Секако не ги видов вонземјаните, но видов ѕвезди како паѓаат и поради тоа бев многу среќна”, изјавила пејачката.
Фановите на Ријана ќе можат да ја видат во нејзиниот прв филм “Battleship” во кој се бори против вонземјани. Филмот премиерно ќе биде прикажан на 11 април во Велика Британија. Пејачката, претходно изјавила дека е воодушевена од улогата и дека морала да ја игра.