Ријана потроши 150.000 долари за портрет од Мерлин Монро!
30 јануари, 20120
![rihanna](https://popara.mk/wp-content/uploads/2012/01/rihanna4.jpg)
Пејачката Ријана потрошила дури 150.000 долари за ново уметничко дело во својот дом. Се работи за портрет на познатата Мерлин Монро направен од Swarovski кристали. Портретот е тежок околу 80 килограми и има 65.000 кристали, а изработен е од страна на уметникот Клер Милнер. Пријателите на Ријана коментираат дека таа често се идентификува со трагичната Холувудска дива.