Ротирачки мост

popara29 јануари, 20121min00
vtftyiv

Нешто интересно се случува секој петок во крајречјто на Педингтон, Лондон.

Во почетокот ќе ви изгледа како секој друг мост. Премостувајќи го Гранд Јунион каналот во Падингтон, Лондон – минималистицкиот дизајн може да изгледа едноставен и досаден. Но еднаш неделно „Ротирачкиот мост“ е познат по тоа што прави нешто од кое ке ви висне долната вилица.

Секој петок на пладне мостот се свиткува како ролна, во буквален смисол на зборот. Составен е од 8 делови во тријаголна форма. Сокриени во вертикални постаменти во парапетите на мостот има клипови, кои се склопуваат во два линка и мостот се витка. Ова е единствен мост од овој вид во светот.

Со вкупната намена мостот поминува цела недела изгледајќи како секој друг мост. Сепак, 12 метри долгиот мост мора да направи пропуштање на бродовите низ каналот, и така на пладне секој петок се свиткува додека двата краја не се спојат и во тој момент изгледа како огромна гасеница.

Иако концептот за подвижни мостови не е нов, сепак од овој тип ова е единствениот ваков мост. Дизајниран е од страна на Томас Хитервик во 2004 год. Иако овој дизајнер е познат по друго дело, сепак она што ќе остане за идните генерации по кои ќе биде познат сигурно е овој мост.

Овој мост ја има добиено наградата „Тhe British Structural Steel Design Award“ во 2005 год. со што станува и една од најпознатите карактеристики на крајречјето на Падингтон во Лондон.

Во прилог ви претставуваме краток профил на мостот и неговиот создавач – дизајнерот и архитект Томас Хитервик.

httpv://www.youtube.com/watch?v=ZycN4Zu7qK4

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag