Се во животот е миг – и радоста и болката…

16 февруари, 20120
2

Само очекувањето е вечност! И ние чекаме цела безкрајност, за да го изживееме за миг она, што толку долго сме го чекале…Запомни:  Мигот не трае повеќе од миг! За никого и никогаш…

Затоа,

Искористи го краткотрајниот миг! Тој наскоро ќе изчезне. И независно дали од него ќе остане длабока рана или злато, тој никогаш нема да се врати во истата облека!

Патот на животот – светот прави пат на оние што знаат каде одат. За да научиш да леташ, треба да имаш храброст да скокнеш! А знаете ли како животот не учи на ова?

Приближете се до работ! – ни вели тој.

Тие одговорија – Страв ни е!

Приближете се до работ! – вели повторно тој.

Тие се приближија.

Тој ги бутна и тие научија како да летаат…

Кога бев мала мајка ми постојано ми повторуваше, дека е најважно во животот да бидеш среќен.

Кога тргнав во училиште, не прашаа сите, што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме. Јас одговорив – Среќна!

Тогаш ми рекоа – Ти не си го разбрала прашањето…

А јас одговорив – Не! Вие не сте го разбрале Животот…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *