Што и да ти се случило во животот, не врти се повеќе назад!

10 февруари, 20120
7

Не е важно дали си имал тешко детство, или си преживеал несреќна лубов, или пак си бил понижуван или навредуван. Штом си останал жив, ти си го надминал она што можеби те повредило, може и да оставило белези во душата и срцето, но си преживеал. Како мали имаме разкрвавено колено, како големи скршени срца, но си ги имаме. Сеуште чукаат равномерно или неравномерно, но се живи и пулсираат. И ослободен од огромната тежина на минатото, вдишуваш воздух како новороденче. И исто како него ќе ја исплачеш сета болка и започнуваш постепено да се насмевнуваш на светот и да навлегуваш во чудниот свет на твоето ново Јас. Помисли си дали се сакаш. Точно така. Дали се сакаш со сите свои недостатоци, зошто тие се само во твојата глава и веќе е време да се разделиш со ваквиот начин на мислење. Сакај се поради тоа што си. Зошто сега си посовршен, кога се откриваш себе.

Нема како да ги натераш луѓето да го видат твоето ново лице, ако ти сам не го покажеш. Нема како да откриеш дали коленото ти е излекувано ако не затрчаш повторно, нема како да откриеш дека срцето ти е на место, ако не го исполниш со нова љубов. Никогаш не врти се назад. И ако се свртиш, нема да се видиш себе си, туку само стравовите и горчините. Тоа не си ти. Ти си душа облечена во тело. И си преминала на сончевата страна од улицата. Време е да продолжиш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi