Колку повеќе витамини и минерали има во телото, толку поголема заштита има.
При замор – телото има најголема потреба од витамините А, Ц и Е како и од микроелементите цинк и селен.
При настинка – витаминот Ц ја зголемува активноста на белите крвни зрнца, кои не штитат од вируси и микроби.
За слабеење – без витамините А, Б, Ц, Д и Е стрелката на вагате тешко ќе се помести. Недостатокот на овие витамини ја блокира размената на материи и разградувањето на мастите.
При менструални болки – на организмот му недостасува витамин Ц. Најдобро во комбинација со железо.
При алергии – вистинската причина за појава на алергиите се уште не е позната. Но сигурно е дека колку повеќе витамини и минерали има во телото, толку подобро е заштитено од сите реагенси.
За цврста кожа – витамините А и Е ја затегнуваат кожата, ја зголемуваат еластичноста, ја штитат од штетните надворешни влијанија.
Сува коса без сјај – организмот е беден со витамини А и Е, а му недостига и калциум. Истото се однесува и за ноктите.
Болести на срцето – важна е превентивната заштита и сила на витамините со што се намалува ризикот за цели 50%. Затоа однесувајте се сериозно со ова и не заборавајте да ги вклучите во својата исхрана.