Снимил дух на дете оболено од лепроза старо 600 години

26 јануари, 20120
0083007.48

Господинот Леонард Лав е 44 годишен работник од Лондон. Кога пред неколку години го посетува пријателот во болница доживеал несекојдневно и многу морничаво искуство.

Додека бил во посета, медицинската сестра му спомнала една необична активност која се случува во подрумот на лондонската болница Витингтон, и во која во 15-век се наоѓала колонија на лепрозни пациенти.

Лав, инаку љубител на приказните за духови, ја искористил можноста да отиде во подрумот и заедно со персоналот на болницата и својот верен фотоапарат, се прошетал низ мрачниот подрум, изграден во 19-тиот век.

Тоа што го видел го опишува со зборовите: „Поминувавме низ долги ходници полни со полици на кои имаше стари документи. Не одевме долго, кога приметивме дека нешто во ходникот се мрда”.

„Нешто лебдеше пред нас и се повеќе ни се приближуваше. Видовме траги од светлост како ‘скокаат’ секаде околу нас, а тогаш го приметив лицето на духот кој изгледаше како мало дете.”

Појавата успеал и да ја фотографира, но сликите ги објавил дури по втората истрага која го натерала да донесе заклучок дека на сликата се работи за десетгодишно дете кое се вика Вилијам, и кој бил лепрозен.

Лав признава дека повеќе не се вратил во болницата. Иако би сакал да го повтори искуството, го обесхрабрува помислата на болка која во таа ситуација ја искусил, а која ја опишува како убод од нож.

За овој случај се огласил и портпаролот на Витингтон болницата кој коментира: „Приказните за духовите во болницата се слушаат веќе години наназад. Иако не постојат цврсти докази, приказните ќе продолжат”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma