Sony воведе нова бизнис структура, One Sony. Тоа треба да го забрза и подобри процесот на донесување одлуки. Со новиот план, одделните групи на прозиводи и услуги дизајнирани за бизнис и корисниците од малопродажбата ќе бидат отстранети.
Новата организација ќе започне со работа на први април и 3-те клучни сектори на бизнисот на Sony ќе бидат: гејминг, мобилни уреди и фотографиите.
Исто така Sony ја гледа медицинската технологија како нова сила и отвара нов оддел кој ќе му ја понуди на медицинскиот персонал најстилската опрема на пазарот.
Бизнисот поврзан со домашната забава, кој како во последно време да пропадна, ќе биде по директен надзор на Казуро Хираи, претседателот на Sony. Иако постојат многу предизвици соочени со ТВ пазарот, можно е новиот пристап на Sony, кој претставуа зголемување на соработката помеѓу компаниите, може да го врати овој оддел повторно на патеките на профитот.