Старлетата дојде и до насловната страна на јужноафриканското издание на “Плејбој”.
Сораја Вучелиќ ја краси насловната страна на новиот број на “Плејбој” изданието за Јужна Африка.
На официјалниот Твитер профил на јужноафриканскиот “Плејбој” објавен е линк до онлајн верзијата на декемвриското издание, а насловната ја краси старлетата Сораја.
Вучелиќ на својот Твитер профил гордо објавила дека Јужна Африка е осма земја која има чест да ја види на насловната на “Плејбој” и додала дека фотографијата која е на оваа насловна е истата која неодамна била изложена во галеријата во Белград на изложбата “Тело како уметничко дело”.