Средоземната убавица – Сицилија!

30 март, 20120
1 (8)

Најголемиот средоземен остров Сицилија, специфичен по обликот во вид на триаголник, ги привлекува сите љубители на културните знаменитости и природните богатства, поради културно историското наследство. Сицилија е расадник на повеќе архитектури: грчката, римската. византиската, арапската, норманската, односно шпанската.

Ова поднебје се карактеризира со убава местоположба, топла клима, уникатни обичаи, а она што особено е интересно за туристите е и  највисокиот вулкан во Европа, Етна, кој се наоѓа на само 3000 метри.

Едно од најпознатите летувалишта, Таормина се наоѓа во прекрасната вулканска покраина. Кај туристите е познато по прекрасниот брег, античките споменици, но особено по неодоливата сицилијанска кујна.

Сицилија е место во кое доколку дојдете еднаш, ќе сакате повторно да се вратите. Магијата е во едноставните и релаксирачки секојдневија, кои секој би ги посакал. Топлата клима, спојот помеѓу историјата и сегашноста, вкусните јадења и убавото вино, се вистински идеал за одмор, после напорен период. Затоа, нека Сицилија биде Вашата следна дестинација!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi