Таман Негара – најстарата прашума во светот

11 февруари, 20120
tn14jpg.img_assist_custom-600x400

Во средина на Малезискиот полуостров лежи најстарата прашума на светот, прашума покрај која Амазон буквално изгледа како мало дете.

Таман Негара, што во буквален превод значи „национален парк“ постои повеќе од 130 милиони години и е вистинска гордост на Малезијците. Таа се наоѓа на центарот на Екваторот, па дури и за време на леденото доба оваа шума останала недопрена.

Таман Негара е навистина богата ризница кога станува збор за флората и фауната. Таму  ќе најдете преку 14.000 видови на растенија, 200 цицачи, 240 видови на дрва, и сето тоа во само еден хектар од шумата. Бидејќи прашумата е сеуште недопрена од човекот, може да очекуваме дека бројката на познати растенија и животни значително ќе се зголеми откако ќе биде истражена.

Во близина на огромната река која тече низ прашумата живее племето Оранг Асли, кои живеат во заедници од по 10 до 30 луѓе. Тие сеуште живеат во примитивно доба, ловејќи и собирајќи храна, но изгледаат навистина среќно бидејќи живеат во хармонија со природата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi