Наследничката на богатата империја Берни Еклстоун, Тамара неодамна изјавила дека сака да се слика гола за познатиот магазин Плејбој.
„Неколку пати до сега сум се сликала за магазини и списанија, ми се допаѓа тоа и секако дека би сакала да го повоторам, особено ако станува збор за Плејбој“, изјавила богатата наследничка.
„Толку многу познати лица го направија тоа, па зошто не би и јас? Размислував за тоа и ако добијам понуда сигурно ќе ја прифатам“, изјавила Тамара.
Иако таа е честа мета на медиумите, богатата наследничка истакнала дека озборувањата и трачевите за неа воопшто не ја интересираат.
„За себе сум слушнала толку лоши работи, но воопшто не обрнувам внимание на тоа. Не ме интерсираат“, истакнала 27 годишната Тамара.