Тинејџека од Тибет починала откако сама себе си се запалила во кинеска северозападна провинција претежно населена од тибетанци, соопштиле денес кинеските медиуми.
Телото на тинејџерката неколку часа подоцна е кремирано и вратено на нејзиното семејство, а властите работат на расветлување на случајот.
Повеќе од 90 Тибетанци се запалиле од 2009-та година, во знак на протест против кинеското владеење на Тибет, соопштиле активисти кои се борат за човековите права.
Бројот на ваквите инциденти особено се зголемил во ноември.