„Трето полувреме“ на Американскиот филмски маркет

4 ноември, 20120
treto-poluvremе

Во салата „Вилсир“ во Беверли Хилс денеска ќе биде прикажан филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, во рамки на Американскиот филмски маркет  и т.н. Проекции за Оскар.

Проекциите  редовно ги организираат European Film Promotion и Програма MEDIA на Европската унија.

– Македонскиот филмски фонд како членка на оваа организација секоја година го пријавува филмот кој е македонски кандидат за Оскар и партиципира во организацијата на овие проекции што ќе му помогне на филмот да биде претставен до членовите на Американската филмска академија, но и на сите заинтересирани на Американскиот филмски маркет, информира Филмскиот фонд на Македонија.

За таа цел се испратени над 1.700 покани до професионалци и дистрибутери, а членовите на Американската филмска академија се поканети преку американскиот публицист Татиана Детлофсон, ангажирана за промоција на европските филмови на проекциите за Оскар.

Филмот на Дарко Митревски е меѓу десетте кандидати за номинација за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје кои имаат специјални проекции во Лос Анџелес. Филмовите се прикажуваат од 1-ви  до 7  ноември на Американскиот филмски маркет.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi