
Тешката болест која го погодила 52 годишниот Марк Ауглер од Тексас и кој бил на смртна постела, ја поттикнало сопругата Дијана да го роди детето порано од предвидениот термин.
Во јануари оваа година му била дијагностицирана белодробна фиброза, па лекарите му соопштиле дека ќе живее уште неколку месеци. По оваа вест сопругата решила дека треба да се породи предвреме, само за да може сопругот да го види своето дете.
Мајката се породила пред закажаниот термин, а кога се родило здравото бебе девојче, прв кој ја земал во прегратки бил токму нејзниот татко. Само неколку дена по ова тој паднал во кома и починал.
Оваа трогателна приказна ги инспирирала многумина во Тексас да му помогнат на ова семејство, на мајката која останала сама со пет деца.