Убиј ја љубовта – направи ја брак!

8 февруари, 20120
s3

Пламенот на љубовта гасне во семејното огниште. Таа е прекрасна напаст, која не прави среќни, кога ќе ја имаме, и уште посреќни кога ќе ја убиеме. Ја создаваме со единствена крајна цел – да ја убиеме. Младоженците пишуваат само на јазикот на љубовта. Не сакаат да поверуваат дека со времето речникот станува победен. Поезијата станува проза.

Во семејните гаражи колите се како од аутлет – испочукани, со грбаници, со издишани гуми. Ако го извадиш тоа возило од таму сите ќе видат колку си загазил. Зошто навиката е како пожарната, може и да закасне но секогаш пристигнува. Така е и со бракот, не сваќаш дека наместо лаптопот, треба да го смениш софтверот. Спремен ли си да ја претвориш љубовта во навика? Согласен ли си да гледаш како годините бавно но сигурно ја бришат љубовта?

Нашите традиции, нашите родители, нашата црква не ги прифаќаат ни старите моми ни старите ергени, ние се раѓаме во готова програма – живеј, сакај, жени се. Обшт

еството се мршти кога матрицата не те вклучи во системот од правила.

Секој си има своја рецепта за бракот. Секој го прави онаков каков што сака. Мојата слобода е мојата рецепта. Ако ја сакате љубената со целата душа и срце не ја водете пред олтар.

Срцето е најслабата алка на довербата, никогаш не знаеш до кога ќе издржи пред искушението. А искушението е како автомобилот – каква и кола да возиш, секогаш ќе сакаш нов мерцедес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi