Властите во Узбекистан ставиле неофицијална забрана за сите активности кои се поврзани со славењето на Денот на вљубените, Свети Валентин. Според руската агенција РИА, властите во земјата ги откажале сите концерти и други активности кои биле поврзани со прославувањето на овој ден.
Властите во оваа земја веќе неколку години водат кампања против Денот на заљубените и според нив тој ден е зло кое сака да ги сруши узбекистанските национални вредности.
Узбекистан не е единствената земја која го забрани славењето на овој празник, минатата година тоа го направи и Иран.