Велат, најтемно е пред изгрејсонце…

26 март, 20120
izgrejsonce

Премногу работи можат да ти се случат. Толку интензивни за човечката душа и психа, што дури можат да те парализираат и да неможеш да мислиш трезвено. Или воопшто.

Опасноста е да не знаеш кон каде тече реката. Водата на овие мисли е толку силна, што може да те повлече по неверојатни патишта – низ ливади, тиња, карпи. Страшно е, зошто се е возможно. Штом најголемите мизерии се возможни, тогаш возможни се и убавите работи. Оние, кои некои ги нарекуваат приказни!

Ако кошмарите се на прагот или дури и во твојот дом, тогаш точно таму можеби се наоѓаат и приказните.

Малку е тешко да си ја зачуваш философската мисла во турболентноста на се што може да ти се случи. Тешко е навистина, кога си затрупан во кал, да се исправиш, да ги погледнеш работите како да си само случаен минувач тука и да си смирен.

Како да си смирен, кога светот што си го градел години по ред, ќе се сравни со земјата за миг? Безсмислено е да се правиш како ништо да не се случува. Понекогаш е најдобро да се тргнеш и да бегаш, за да се спасиш себе си. Пред да си западнал во новата, комплицирана и тешка игра, што животот ти ја носи.

Дури и да изгубиш се, не смееш да дозволиш да се изгубиш себе си. Компромисот со себе е најголемото предавство. Можеш да го преживееш предавството на секој друг – на пријател, љубовник…но да го направиш сам е еднакво на самоубиство.

Ноќта е најтемна пред изгрејсонце. Така велат. Од тебе се бара само трпение и усет, за да го дочекаш вистинскиот момент да се извлечеш од мракот и да му се радуваш на сонцето.  Ако успееш да го преживееш мракот, ако не дозволиш да те проголта, единственото што после останува, единственото неизбежно после тоа е изгрејсонцето…Мора да го знаеш ова, мора да веруваш во ова…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi