Судијата во шоуто X Factor, Гери Барлоу ги поканил членовите на групата Spice Girls да настапат на концертот Diamond Jubilee во Бакингемската палата, но Викторија Бекам ја одбила поканата и покрај тоа што нејзините колешки се воодушевени од идејата за заеднички настап. Барлоу има намера да организира концерт во палатата и очигледно смета дека настапот на друпата Spice Girls би бил полн погодок, меѓутоа, Викторија Бекам несака да настапи.
Иако Мел Б ентузијастички најави дека се радува на настапот, а истијот случај и со Мелани С, Гери Халивел и Ема Бунтон, Викторија Бекам не сака да учествува.
“Сите девојки сакаат заедно да дојдат на концертот освен Викторија која очигледно нема време за тоа. Таа ги сака своите колешки, ги подржува, но нема време за настап поради семејните обрски. Секоја минута од слободното време ја поминува со децата”, изјавува близок извор на пејачката.
Викторија и претходно одбивала да настапи и на отварањето на Олимписките игри во Лондон поради слични причини.