Вистински херој…Шон Пен одбранил келнер од агресивен и алкохолизиран гостин!
29 јануари, 20120
![seanpenn](https://popara.mk/wp-content/uploads/2012/01/seanpenn.jpg)
Актерот Шон Пен во текот на оваа недела се нашол во улога на вистински миротворец. Всушност, додека седел во еден бар, пиел пијалок и се забавувал со пријателите, настанал вистински хаос.
Еден алкохолизиран гостин станал насилен и агресивен и почнал да вика на келнерот, па Шон решил да се вмеша и да ја среди ситуацијата. Дошол до келнерот да види дали е во ред, а потоа на кратко поразговарал со гостинот за да го смири. По решавањето на проблемот се вратил на масата и продолжил со дружењето со пријателите.