Започнете го денот со јајца за здравје и енергија

1 февруари, 20120
www.EnjoyYourCooking.com: photo recipe

Еден правилен и здрав начин да го започнеме денот е појадок со јајца. Јајцата содржат материја наречена холин што претставува еден вид витамин Б. Зголемениот внес на холин го подобрува нервниот систем и е превенција од срцеви болести.

Јајцата помагаат и при намалување на килограмите. Научниците истражувале две групи луѓе на диета од кои првите го започнувале денот со 2 варени јајца, а вторите со геврек.  И кај двете групи дневниот прием на калории е идентичен. Но оние што консумирале јајца не само што ослабнале но имале многу повеќе енергија во текот на денот. Зошто е така? Затоа што протеинот во јајцата не заситува и не штити од излишна консумација на штетна храна со висока концентрација на шеќер и маснотии.

Ако сакате да спортувате треба задолжително да додадете јајца кон својата исхрана. Тие помагаат мускулите да се регенерираат после кардиo тренингот и истовремено ви ја даваат потребната енергија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma