Жената со нацврстиот сон на светот: Го преспала торнадото кое и ја разнело куќата!

24 декември, 20120

Бети Расел (76) од американската држава Алабама го преспала моментот кога силното торнадо и го однело кровот над главата.

Жената заспала на каучот во дневната соба додека гледала телевизија.

Кога се разбудила видела дека куќата е разнесена, а и дека таа за среќа, поминала без ниту една повреда.

“Не знаев дека имам толку цврст сон. Не можам да верувам дека не сум слушнала ништо, ама баш ништо”, раскажала жената.

Торнадото најмногу штета нанело на нејзината спална соба. Нејзиниот внук вели дека неговата баба секогаш спие во спалната соба, но од некоја причина тоа не го направила, а тоа овој пат ја спасило, пишува The Huffington Post.

http://www.youtube.com/watch?v=EDa4rNeVls0&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *