Зошто е добро да одвоите време и за себе?

3 декември, 20120
vreme za sebe

Иако сте лудо вљубени и со нетрпение чекате повторно да си го видете саканиот, морате понекогаш да мислете и на себе и да правете нешта што би се однесувале само на вас.

Всушност сосема е природно да посакувате време само за себе, пишува Jessica Padykula од Canadianliving.com. Tina B. Tessina, авторка на неколку книги за односите меѓу партнерите ги набројува причините зошто е добро и битно секој од партнерите да има време за себе.

Да се има сопствени  хобија и активности кои не го вклучуваат и пертнерот се многу важни и за квалитетот на врската. Разделеноста освежува и создава позитивна енергија бидејќи партнерот по малку и ке ви недостига додека сте да речеме на часови по керамика. Освен тоа, ако сте постојано заедно, почнуваат дури и ситници да ве нервираат, а пропуштате и некои добри работи.

Потребата од слободно време не значи дека врската ни е во криза или дека нешто не е во ред. Сите ние имама вродена потреба да сме со некого, но и потреба понекогаш да бидеме сами или пак правиме нешто друго.

„Во долгите врски, партнерите си ги прифаќаат особините еден од друг и особените карактеристики готово и да се бришат. Така често се случува личноста и да не знае која е и што сака, а тоа може да е фрустрирачко“, објаснува Tessina. Затоа е потребно партнерите да имаат време за себе и да ја развиваат и облагородуваат својата личност. Тоа е повеќето случај со жените бидејќи тие се премногу фокусирани на своите блиски во семејството па забораваат на своите потреби.

Не постои точна количина време која му е некому потребна за да би бил задоволен бидејќи тоа е доста индивидуално.

Состанете се со пријателките и надокнадете го пропуштеното

Како да се организира слободното време

Обично, ако редовно не се занимавате со некој спорт или некои други активности, туку од време на време испиете по некое кафе со пријателките, имајте на ум дека постојат многу нешта кои можете сами да ги правете. За почеток можете понекогаш да отидете во некое кафуле и да прочитате нешто, да отидете во музеј, кино. Ако тоа го искомбинирате со одење на масажа или некој друг посакуван третман, сигурно ќе се чувствувате подобро и со поголема самодоверба, а и со партнерот би имале нови теми на разговор.

На пример Tessina си го одредила четврток како ден кој би го посветила на себе и тогаш таа плива, вежба или оди сама на ручек. Многупати дури одбила да руча со пријателките бидејќи сакала сама да руча.

 

Што вели другата страна?

Проблемите најчесто настануваат кога партнерот смета дека нему не му е потребно време за себе, па оттука почнуваат и проблемите во врската. Но со подолг разговор и меѓусебен компромис и двајцата партнери можат да бидат задоволни со конечниот договор.

Како до договор околу поделбата на времето и обврските.

Ако на вашиот партнер му е потребно повеќе време отколку вам, договорете го вашето време така што некој друг ден излезете со пријателите, или отидете на вежбање, или пак на пример останете дома и убаво си поминете дома со своите деца.

Вашиот партнер сака малку повеќе да дискутира за вашата врска, но вие сметате дека не е потребно секогаш толку многу да разговарате за секоја тема. Договорете ден кога имате најмалку обврски како би можеле да им посветите повеќе време на на тие разговори на кои инсистира вашиот партнер.

Многубројните роднини од една страна може да се проблем. Во колку вашиот партнер не сака многу често да се гледа со вашите роднини бидејќи му е непријатно, едноставно посетувајте ги понекогаш и сама.

Во секој случај, потребно е да се прифати фактот дека личностите се индивидуи со различни желби и потреби кои треба се почитуваат и со договор да се постигне ниедна од нив да не страда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi