
Анџелина Џоли се онесвестила за време на снимањето на новиот филм во Австралија. Актерката почувствувала слабост и паднала на земја. Целата екипа смртно се преплашиле, знаејќи за нејзината здравствена состојба, што беше актуелна тема неодамна.
“Мислевме дека се работи за срцев удар“ – изјавил еден од сведоците.
Реално Анџелина Џоли не е во најдобра физичка форма, а очигледно високите температури во Австралија го зголемуваат проблемот. После двојната мастектомија, извршена пролетва, актерката треба да биде особено внимателна.
Пред некој ден таа се обрати до медиумите да престанат да пишуваат дека “умира“.
– “Јас сум во одлична здравствена состојба, ве молам престанете да дигате паника“, изјавила Џоли. Таа не негирала дека имала проблеми, но изјавила дека се е под контрола и дека сега се чувствува подобро.



