„Анонимус“ најавува катастрофален сајбер напад врз Израел

15 март, 20130
5

Хакерската група Анонимус заедно со уште многу други хакери планира голем сајбер напад врз Израел, заканувајќи се дека „таа земја ќе биде избришана од интернет“.

„Хакерите ќе почнат со сајбер напади против Израел на 7 април“, најавиле Анонимус на Твитер, повикувајќи ги хакерите ширум светот да им се придружат во втората ОпИзраел операција како што е наречена интернет војната против таа земја во склоп на која беа нападите врз службените страници на израелските институции и поединци од израелските власти.

Првиот ОпИзраел сајбер напад почна минатата година за време на израелскиот напад на палестинците во Газа. Околу 700 израелски веб страни претрпеја хакерски напади вклучувајќи ги и страната на Министерството за надворешни работи, службената страна на израелскиот претседател и страната на Министерството за финансии.

После акцијата ОпИзраел Анонимус на интернет објавиле податоци за 5000 израелски службеници, нивните имиња, даночни броеви и лични меил адреси.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *