Цеца на судењето на Лука Бојовиќ
25 ноември, 20130
Лука Бојовиќ, Владимир Милисављевиќ, Мило Симовиќ и Сретко Калиниќ во овој процес се теретат за убиство на Бранко Јефтовиќ во 2004 година и обид за убиство на Андрија Драковиќ и Зоран Недовиќ, кога погинале нивните телохранители Дејан Иванчевиќ и Милутин Јовичиќ.
Светлана Цеца Ражнатовиќ се појавила на судењето како сведок во рамките на процесот против Лука Бојовиќ и припадниците на Земунскиот клан.
Во исто време било закажано судењето на Ражнатовиќ и нејзиниот зет Предраг но таа на ова судење не се појавила.
Таа е обвинета дека заедно со Предраг се заканувале на директорот на ФК Млади пролетер, Александар Ларевиќ.
Обвинителството и понатаму ги терети двајцата за насилничко однесување, за кое следува казна од 6 месеци до 5 години затвор.