Драгоцен, ефтин и достапен лек: Копривата е решение за многу болести

popara24 ноември, 20131min00
5

Копривата содржи есенцијални белковини, јаглехидрати и масти, а од минерали калциум, фосфор, железо, магнезиум, витамини Ц, А, Б2, Б5, К, каротен, пантоненска киселина, лецитин, танин и побогар извор е на витиманите Ц и А од повеќето растенија. За жал, иако е вистински поливитамински резервоар, на нашата трпеза не е доволно застапена.

Лековити рецепти:

За опоравување:

Лажица сува коприва се полива со 2,5 дл врела вода, се остава да отстои 10 минути, се процедува и се пие три пати дневно. Овој чај ќе ги реши сите проблеми со екзем, главоболка, мочните патишта, желудникот или анемија. Можете да го пиете и кога ве измачуваат вирусни или бактериски инфекции.

За поубави стапала:

Два грста добро измиени корени, свежи листови и стебла од коприва се попаруваат со 5 литри вода и се остава да отстои во текот на ноќта. Следниот ден смесата загрејте ја до вриење, исипете ја во леген и потопете ги нозете кога доволно ќе се олади. Оставете стапалата да отстојат најмалку 20 минути.

Против првут:

Два грста листови од коприва се попаруваат со половина литар вода, се остава да отстои 10 минути, се процедува и се додава филџан јаболков оцет. Нанесете ја течноста на скалпот и косата, нека отстои 10-15 минути, а потоа се плакне само со вода.