Две годишно девојче излечено од ХИВ!

4 март, 20130
3

Девојче на возраст од две години од Мисисипи која е родена со ХИВ вирусот сега е веќе излечена со помош на стандардните лекови.

Девојчето е речиси година дена без лекови и без знаци на инфекција и доколку така остане тоа ќе биде вториот случај на излекување од ХИВ во историјата. Тимот лекари ја третирале со коктел од три лекови, вообичаени за дијагнозата 30 часа после нејзиното раѓање.

Терапијата продолжила и понатака и судејќи според се ХИВ вирусот е елиминиран од нејзината крв пред да успее да формира резерви во нејзиното тело.

Лекарите прават бројни анализи за да утврдат дали истата постапка би имала ист ефект и кај останатите заразени деца.

„Ова е доказ дека ХИВ  може да се излечи кај инфицираните новороденчиња“, изјавила д-р Дебора Персауд од универзитетот Џон Хопкингс во Балтимор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi