Енци менци на каменци..

11 февруари, 20130
MoneySavingTips-1024x837

Броењето секогаш било забавно, поготово кога човек си брои парички во новчаник, од под перница.. Но не секогаш бројките до кои доаѓаме , можат да не направат среќни, напротив!
Колку луѓе денес можат да се пофалат со задоволителна залиха ,,под перница,,? Мнооогу малку.. дури и помалку од што можеш и да претпоставиш!
Некои ќе речат кризата била виновна, некои ќе речат дека немале среќа, некои дека Владата или Владите пред неа се виновни за резултатот од броењето, но најмалку од се, сме се прашале самите, колку сме ние виновни за да го сркаме тоа што самите пред се, сме си го издробиле?! Многу малку!
Зошто? Затоа што самокритичноста кај луѓето отсекогаш била непозната ,,именка,,! Кога е човек самокритичен, полесно ќе може да наоѓа решенија за своите потреби, да ги разбира туѓите проблеми, а најчесто, говорам за тие попаметните, да учат на сопствените грешки , но на туѓите најмногу!
Е такви кај нас, се помалку, џанам сите паметни нели..
Епа ќе го голтаме довека сопствениот измет, зошто колку и да ни смрди, секогаш си имаме оправдување- наш е!
А сигурно и знаете дека и друго многу слично животно на нас, си ги јаде гомната и тоа со гооолема сласт..  прасињата, т.е попопуларно и поблиску до нас ,,луѓето,,- свињите! Да да.. свињите се котеа побрзо од зајците, па сега наместо да се пофалиме со фарми за зајци… ноеви, ние дојдовме во ситуација да се курчиме на светот дека станавме држава на свињи и други на нас слични домашни и диви животни!
Светот можеби и ќе не разбере, отсекогаш сме им биле со сличен синоним, но срамот доаѓа одвнатре! Кога нашите сеуште недоквакани деца, почнаа да разбираат дека ние, т.н курчевити родители, не им оставаме во аманет ништо освен пондило за свињи или популарно свињарник.
На ова Америте би рекле ,,stinks bra,, но, нив им смрди, ама ние сиромашките веќе го навикнавме тој мирис.
За да дојдеме до поентата на текстот, тОеСт да не биде ,,пак,, уште една свиња јаде гомна по кој знае кој пат кај нас, ќе пробам да ја најдам генезата на нашата смрдеа.
За Отоманите и нивните 400 години ебавање во мозок, нема пишани преданија, освен по некоја перверзно добра народна песна, тажна пред се, но за последните им 100 години ,,владение на правото на домашните ни животни,,- има! Кога и да пробал Македонецот да се ,,опраи,, од смрдеата дома, секогаш комшијата или ,,близок,, роднина, го кодошел кај Аскерот за ,,непрописно ветреење,, на туѓата кочина!
После Аскерот Турски, не ебаваа Срби, Грци, Бугари, Албанци.. и господ знае уште кој не ни се качи за да ни ги разработи хемороидите, а резултатот секогаш остануваше ист- смрдеа и само смрдеа.
Дојдоа полуписмените и неписмените после Втората Светска Војна да ни го ,,средат мирисот,, џанам на лаванта ќе ни мирисала кочината, и ја допосраа! Туѓи гомна за мирисање ни даваа, па дури и сопствениот мирис еден период, го имавме одвикнато целосно!
Девеесетите си велам : дојдоа нашите 5 минути, но освен тие од Драган Вучиќ на Сител, други 5 минути за наши идиоти не видов! Се редеа како на трака од кај Минчота во Макстил, дреари, лимари, дрводелци и друга врста неписмени ,,свињари,, за да ни ја дотолчат и веќе предходно добро загомнетата ни судбина!
Гледам кај Миленко, некоја врста домашно животно, имаше доблест да се извинува на се живо и диво и тоа види мољати се- ретроактивно, но не најде доблест ни да спомене за ретроактивните ни свињарии што на своите писмени и визионерски настроени ликови, успеавме самите пред се, да им го ,,намирисаме,,!
Едно време, кога дојде Љупчо, започна некоја си врста на извинување, ама срамежливо до толку, што срам мене лично  ми беше,  кога во МВР како за кабает го земав досието на дедо ми. Човекот го плати данокот , дебело, а уште повеќе неговите деца, што како маркирани прасиња беа тероризирани од тогашните лојални домашни животни на туѓите измети, носени скоро од сите страни на тогашната ни кочина!
Денес, да го сфатам ли моментот со лустрирањето како некој вид извинување, или како фарса за ,,колење прасиња,,?! Ако се колат прасиња, тогаш да се колат братче ама топтан, без прескокнување!! Зошто се додека постојат прасиња , ќе ја трпиме и смрдеата од нив, а тоа за нашите деца не ќе да е добро- нели?!
И последно.. Кога се купува куче, за дома мислам, има ли некој од Вас што ,,најпрвин,, за истото ,,му домашно милениче,, не бара педигре?!
Ај сега и мала помош, ,,пошто,, се осеќам целосно немоќен: сте слушнале ли Вие воопшто, има ли педигриња за свињи ќе Ве молам?!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi