Пред недела дена откако на интернет се појавија гласини дека Епл ја откупил Prime Sense, сега е потврдено од страна на Епл дека ја откупиле 3Д компанијата на чипови за активирање на 3Д сензори, која стои како производител на кинектот за Xbox на Мајкрософт.
Епл им платила $350 милиони на компанијата која е сместена во Израел, но сеуште не е финализиран договорот. “Епл откупува помали компании од време на време, но ние генерално не дискутираме за нашата цел или планови за тие компании” – изјавил портпаролот на Епл.
Уште во јули се шпекулираше дека Епл им понудиле $280 милиони на компанијата. Најпознати дизајни и проекти на Prime Sense се мониторинг и контролата на гест од страна на конзолата Xbox 360, технологија употребена за 3Д скенери, iRobot Ava и Asus Xtion.