Новиот Nissan Rogue

25 ноември, 20130
35

Додека Американците оваа година ќе го добијат новиот наследник на Nissan Rogue (во Европа познат како X-Trail) Европејците ќе почекаат до јули 2014. Современата и сигурна технологија е комплетно редизајнирана, што го става во водство овој мал кросовер пред конкуренцијата. Главниот инжинер Метју Харт рекол дека оваа нова технологија влијае на перформансите на возилото за полесно возење. За сега ќе се појави во 1 варијанта, 2.5 литарски бензиски мотор со 170 коњски сили, комбиниран со CVT менувач. Погонот на 4 тркала ќе го има, но со доплата, односно нема да влегува во стандардната опрема. Внатрешноста ќе биде доста луксузна,односно со побогати пакети од високо квалитетен материјал,кожа со хромирани детали и метал-пиано пластика. Почетната цена на Nissan Rogue S FWD е $23.350 што е за $2.180 поскапо од претходникот. Најскапиот модел со погон на сите тркала ќе достигнува цена од $30.280.

httpv://www.youtube.com/watch?v=c3yOoLREE3Y

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi