
Филип Јаневски, транссексуалец од Македонија кој го помина првиот круг на Х Фактор открива дека сите го осудувале и дека им забранувале на децата да се дружат со него.
“Сите ме осудуваа, велеа дека во мене влегол ѓавол. Трпев осуди кои и за возрасните би биле неподносливи, а камоли за дете“, ја почнува Фифи својата исповед.
Фифи, како што самата тврди, одсекогаш знаела дека е различна, но додека била мала и било тешко да разбере што не е во ред со неа.
“До својата 12-та година живеев во сенка, а тогаш разбрав дека повеќе не сакам да се кријам и да бидам нешто што не сум“, вели Фифи, објаснувајќи дека одсекогаш знаела дека во неа се крие девојче кое сака да излезе на површина, а не ѓавол како што сметале околните.
“Патот по кој чекорам е тежок, но знам дека вреди да се борам за себе. Што сум постара, толку повеќе предизвици имам пред себе, но сега се чувствувам доволно јака за да ги совладам, а дискриминацијата се трудам да ја игнорирам и да не ме повредува“, изјавила Фифи.
httpv://www.youtube.com/watch?v=z1OI5e2IHLY