Кога долго време немаш дечко…

popara15 ноември, 201318min00
3

Сите твои пријателки веќе долго време се во врска, а некои постојано ги менуваат дечковците. Но ти никако да го уловиш оној вистинскиот и ти се чини дека во љубовта нешто не штима.

Долго време немаш дечко? Можеби ова се причините:

Да бидеш без дечко воопшто не е лоша работа, но голем е бројот на оние кои се сами, а не сакаат. Девојките кои упорно се трудат, и се не можат да најдат дечко имаат многу заеднички карактеристики кои им пречат да создадат врска.

Ако си сингл и не знаеш зошто, некои од овие работи ќе ти помогнат да откриеш зошто:

Секс на првиот состанок

Не велиме дека треба да чекаш 3 месеци, но некои жени не чекаат ни 3 часа. Така се остава впечаток за девојка исклучиво за забава, а не за врска и која мажот нема да ја повика на втор состанок.

Негативен став

Ако тргнуваш со ставот дека сите мажи се свињи бидејќи твоите бивши дечковци биле свињи, нема далеку да отидеш. Можеби е тешко, но обиди се на секој да му дадеш шанса.

Губиш време

Секс без емоции со пријател може да биде интересна работа, но мара да знаеш дека секој пат кога си со него, пропушташ шанса за нешто вистинско.

Самодоверба

Девојките кои немаат високо мислење за себе, не се осмелуваат да ја побараат среќата бидејќи мислат дека не ја заслужуваат. Вредиш толку колку што мислиш дека вредиш. Така ќе размислуваат и сите наоколу.

Претенциозна

Секако дека треба да имаш критериуми, но повеќето девојки не можат да најдат дечко токму поради оваа причина. Подобро да му дадеш шанса на некој и да сватиш дека не оди, отколку воопшто да не пробаш.

Се за него

Дали ти се случило поради дечкото да ги откажеш сите планови со пријателките кои си ги направила претходно? Мажите сакаат жени кои се заобиколени од пријатели и имаат исполнет социјален живот. Ако почувствува дека завишиш од него, знај дека го губиш.