Глупача без конкуренција: Хитлер беше прекрасен човек, Евреите биле нацисти!

11 декември, 20130
26

Американската старлета Тила Текила предизвика огромен скандал со нејзиниот налудничав пост на Фејсбук поставувајќи фотографија во која позира со нацистичка униформа пред концентрациониот логор во Аушвиц.

Благо кажано, оваа невкусна монтажа предизвикала лавина од критики, но Тила не застанала овде, и ја надополнила фотографијата со коментар во кој се вели дека Хитлер бил прекрасен човек, уметничка душа и дека не е чудовиште како што го претставува историјата, туку дека се залагал за мир за време на Втората светска војна и дека воопшто не сакал да ги убива Евреите, кои според нејзините зборови, први го нападнале него!

Во купот глупости напишани од страна на старлетата која нашироко објаснува зошто е голем фан на Хитлер, напишала дека и црнците, Азијатите, Арапите и Евреите биле нацисти, а не само Германците.

Исто така Текила е убедена дека кулите Близначки во Њујорк се бомбардирани од страна на Евреите и дека Нелсон Мандела бил ционистички шпиун.

Foto: Facebook/IamMissTila

Foto: Facebook/IamMissTila

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi