Nokia ќе лансира смартфон базиран на Андроид

11 декември, 20130
24

Пред Нокиа телефоните да паднат во комплетно соптвеништво на Мајкрософт, тие можеби ќе успеат да извлечат барем некој Андроид телефон. Финскиот производител изјави дека работат на евтина верзија на Андроид паметен телефон кој ќе се нарекува Normandy. Овој уред ќе биде понуден со варијација на Андроид меѓутоа различна од онаа која што Гугл ја користи. Слика од новинарските агенции протече во јавноста уште во ноември и е објавена на Твитер. Немаше никакви спецификации заедно со сликата, но може да се види дека телефонот ќе биде со екран на допир и капацитативни копчиња за навигирање. Нокиа има потпишано договор со Мајкрософт уште во 2011 за да користи Мајкрософт оперативен систем но имале опција тие да ја прекинат соработката кон крајот на 2014. Тие потврдиле дека постои варијанта за да се префрлат на Андроид. Но, Мајкрософт ги откупи сите уреди на Нокиа во септември за $7.2 билиони. Нејасно е дали Normandy ќе биде трансформиран во Виндоус телефон, или Нокиа ќе го пушти телефонот пред Мајкрософт да ја откупи тотално, или пак нешто друго ќе се случи. Конечниот договор со Мајкрософт треба да биде склучен во првата четвртина на 2014.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi