Старлетата Оро: Сакам секс на моторна санка!
11 декември, 20130
Старлетата Милица Живановиќ позната како Оро, девојката која се прослави со минимум општа култура, изјавила дека планината и е омилено место за секс и дека најдобриот интимен однос го доживеала на моторна санка.
Атрактивната Мими открива на какви мажи посветува внимание:
“Сакам мажи кои знаат што сакаат во животот. Исто така мојот маж мора да биде уреден, да води сметка за хигиена и однесување, да знае да ме насмее, да биде харизматичен. Да се разбереме, совршенство не постои, секој има доблести и мани. Но јас барам само основни работи. Не е важно како изгледа“ – раскажува старлетата која неодамна изјави дека глава не може да крене од политичари.