Поп ѕвездата Џастин Бибер за малку ќе бил жртва на еден од своите фанови. На интернет се појавила снимка од телефонски разговор помеѓу осудениот убиец и неговиот соработник кои го планирале убиството.
Преку телефонски разговор Дан Мартин кој се наоѓа во затвор за убиство и силовање на 15 годишна девојка, нарачува кај својот соработник, платен убиец, да го убие Џастин Бибер.
За време на разговорот ја користат шифрата „питбул“ за Џастин и неговото обезбедување.
„Марк ќе ги убие питбулите, а ти ќе ги кастрираш“, вели осудениот убиец. Убиството требало да се случи во рок од неколку сати после разговорот, но полицијата реагирала брзо, стигнала на време и ги уапсила осомничените пред да го убијат Бибер.