Ким Кардашијан: Не сум повеќе слаба и убава!
1 март, 20130
Старлетата Ким кардашијан се присеќава како некогаш изгледала. Сега, кога е бремена, Ким има голем вишок килограми.
Иако е одушевена од својата прва бременост, изгледа дека е многу носталгична кога станува збор за нејзиниот поранешен физички изглед.
32 годишната Ким на своите Твитер фанови им покажала колку многу и недостасува нејзиното поранешно витко тело и линијата што ја имаше пред бременоста.
Објавила две фотографии од 2008 година, каде нејзините славни облини се очигледни, меѓутоа Ким изгледа многу послаба.